Гвардиола и по убедливата победа од 8:0 не беше целосно задоволен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити ја запиша втората најголема победа во историјата на Премиер лигата откако денес со 8:0 славеше против тимот на Вотфорд.

Сити за само 18 минути постигна пет голови и постави историја во Англија, а до крајот на средбата даде уште три и до врв ја наполни мрежата на Бен Фостер.

„Имавме удобна ситуација, големи 5:0 на полувреме, но тимот ме воодушеви во второто полувреме. Не се откажуваа, ги обработуваа одбранбените задачи без оглед на резултатот. Бевме агресивини и игравме висок пресинг, затоа дадовме уште голови. Сепак, во исто време дадовме две големи шанси на противничкиот тим, тоа не беше добро. Мора да се поправи во иднина“ –истакна Гвардиола.