Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола освои неколку трофеи од пристигнувањето во премиерлигашот, но уште ја брка својата прва титула во Лигата на шампиони (ЛШ) со оваа екипа.
Гвардиола му ја донесе титулата на Сити во Премиерлигата, но „граѓаните“ не успеваа да направат подобар резултат од четвртфинале во елитното натпреварување.
„Минатата година беше одлична за нас, но луѓето ми зборуваат дека не сме ја освоиле ЛШ. Затоа знам дека ќе бидам промашување доколку годинава не го освојам трофејот“, вели Гвардиола.
Останува да видиме дали Гвардиола ќе успее да го однесе Сити до трофејот во ЛШ, откако речиси и да нема шанси да го стигне Ливерпул во Премиерлигата.















