Гвардиола: Можеби не сум доволно добар…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити остана без финале во Лигата на шампиони (ЛШ), иако имаше водство од 1-0 против Реал во Мадрид и беше со една нога до судир со Ливерпул, но сепак премиерлигашот доживеа вистински шок во завршницата.

Пеп Гвардиола даде интересна изјава по новиот неуспех на „граѓаните“ во елитното натпреварување, иако тимот потроши премногу пари на засилувања.

„Можеби не сум доволно добар. Најверојатно не можам да му помогнам на тимот да ја освои Лигата на шампиони. Никој не знае што се случи. Бевме блиску, но следната сезона ќе имаме нова шанса“, вели Гвардиола.

„Граѓаните“ може да бараат утеха во Премиерлигата, каде што во моментов имаат еден бод повеќе од Ливерпул во битката за титулата.