Гвардиола не ја исклучи опцијата да биде селектор на Англија


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола повторно доби прашање од новинарите дали би можел да стане селектор на Англија, но не ја отфрли можноста да се случи такво нешто.

Англичаните активно бараат нов тренер, откако се разделија со Герет Саутгејт, а токму Гвардиола е главен фаворит за кормилото.

„Треба да решам што ќе правам со мојот живот. Би можел да останам во Сити, да земам пауза, да станам селектор… Но во моментов сум тука и возбуден сум за новата сезона“, кажа Гвардиола.