Гвардиола немал избор: Палмер ми кажа дека не сака да игра за Манчестер сити

Кол Палмер вечерва ќе игра против својот матичен клуб Манчестер сити, откако летово за 47 милиони евра потпиша за Челси.

Трансферот на Палмер во Лондон беше изненадување, а Пеп Гвардиола откри што се случувало во завршницата на преодниот рок.

„Му кажав дека Марез си заминува и ќе добие шанса, но ми кажа дека сака да замине. Му реков дека во таков случај ќе го продадеме. Тоа е добро за него, му посакувам сè најдобро“, вели Гвардиола.

Палмер настапи на 41 меч за „граѓаните“, а притоа постигна шест гола и две асистенции.