Гвардиола остро ја осуди војната во Украина: Ова се случуваше и во Југославија, политичарите се виновни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола остро ги осуди случувањата во Украина, а во своето кратко интервју зборуваше и за Југославија, Сирија и Палестина.

Гвардиола смета дека страдаат само невини луѓе поради политичарите, кои создаваат војни поради пари.

„Невини луѓе страдаат. Што би направиле ако некој ја нападне Велика Британија? Се случи нешто слично во Југославија, па никој ништо не направи. На планетата се случуваат и други војни. Поради тоа страдаат многу луѓе. Ништо не научивме од минатото, тоа се случува во Сирија, а НАТО и ЕУ се неспособни. Луѓето ширум светот мора нешто да направат. Политичарите можат да избегнат вакви работи, но тие се неспособни“, вели Гвардиола.