Гвардиола по толку години признава: Сакав еден фудбалер на Јунајтед, тој денес е на прагот на Барселона…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола својата тренерска кариера ја започна во Барселона каде освои практично се што се можеше.

Злите јазици би кажале дека тоа било лесно бидејќи во тимот ги имаше Меси, Чави и Иниеста покрај останатите, но Шпанецот откри дека сакал сите тие да ја имаа природата на еден фудбалер кој моментално настапува за Манчестер Јунајтед.

„Хуан Мата е фантастичен играч, не го знам баш најдобро, но тој ми е еден од најомилените играчи. Сакав да го донесам во Барселона кога играше за Валенсија, но тогаш имавме премногу играчи на средината на теренот“, откри Гвардиола.

Договорот на Мата со „Црвените ѓаволи“ истекува ова лето, клубот му понуди продолжување на соработката, но постојат некои знаци дека токму Барселона би можела да го донесе во своите редови.