Гвардиола сака да го „уништи“ Манчестер јунајтед

Манчестер сити планира да испрати огромна понуда за услугите на Џарад Брантвајт, иако со неговиот потпис се поврзува Манчестер јунајтед веќе неколку недели.

Иако многумина сметаа дека Брантвајт е блиску до потпис со „црвените ѓаволи“ за 75 милиони евра, Манчестер сити планира да испрати уште поголема сума со цел да го украде 21-годишниот фудбалер.

Тоа што е дополнителна предност на Сити е желбата на Брантвајт да работи под водство на тренерот Пеп Гвардиола.