Гвардиола се жали: Тие имаа седум дена за подготовки, а ние само – 10 минути!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер сити вчера освоија само бод на домашен терен против Саутемптон во рмаки на петтото коло од англиската Премиерлига.

Сити вчера беше голем фаворит во мечот против Саутемптон, но на крајот не успеа да го скрши притисокот на гостинскиот тим.

По мечот во центар на внимание беше тренерот на домаќините, Пеп Гвардиола, кој уште еднаш се пожали на густиот распоред.

„Саутемптон имаше седум дена за одмор и подготовка, а ние имавме само – 10 минути. Премиерлигата има 38 натпревари и секој игра против секого. Сепак, тоа не е вистината за екипите кои играат во Лига на шампиони. Би сакал да имам повеќе време за одмор и подготовка“, вели Гвардиола.