Гвардиола троши 220 милиони евра за двајца фудбалери на Атлетико Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола наредното лето сака да го засили тимот на Манчестер сити, а нови фудбалери на „Итихад“ треба да пристигнат од Атлетико Мадрид.

„Граѓаните“ најавија засилувања на одредени позиции, а очигледно дека најмногу замени ќе има во средниот ред. Еден од нив би можел да биде Родри, кој има откупна клаузула од 70 милиони евра. Овој 22-годишен фудбалер е одличен во дресот на Атлетико и привлече големо внимание на себеси.

Родри не е единствената желба на Гвардиола, кој го посакува и Саул Нигез, а неговата откупна клаузула изнесува неверојатни 150 милиони евра, но очигледно газдите на Сити не се грижат премногу за тоа.

Сепак, „граѓаните“ ќе имаат конкуренција од својот градски ривал Манчестер јунајтед, кој исто така покажа интерес за Саул.