Хабиб го прашаа дали ќе се врати во УФЦ, а тој им одговори: Си купив овци, крави, бикови…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов уште еднаш потврди дека нема намера да се враќа во УФЦ. Тој пред еден месец ја заврши кариерата и сега е подготвен да се посвети на новите предизвици во животот.

Новинарите ги интересираше дали Хабиб планира да се врати во УФЦ и да се бори барем уште еднаш, но тој беше јасен со неговиот одговор.

„Си купив овци, се занимавам со земјоделство и би сакал да се развивам на тоа поле. Исто така имам крави и бикови. Не сум уште на високо ниво, туку сум на почетокот“, вели Хабиб.

Нурмагомедов потоа кажа дека може да се бори човек и до 40 години, но треба да има некоја цел, а тој неговата ја исполни и се искачи на врвот.

Хабиб исто така ќе биде сопственик и на мобилен оператор, кој ќе почне да функционира од декември.