Хакими пристигна, но Интер сè уште не ја завршил работата: Започнати преговори со Челзи


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Набргу по официјалниот трансфер на Ашраф Хакими, Интер тргна во потрага по ново засилување – на позиција на лев бек.

Хакими, за кого беа исплатени 45 милиони евра, без сомнение ќе биде првиот избор на Конте по десната аут линија во новата сезона, а наводно тренерот на Нероаѕурите сака Емерсон Палмиери да ја покрие левата страна.

Скај Спорт Италија известува дека тренерот на Интер веќе им „наредил“ на челниците на клубот да започнат со спроведување на трансферот на Емерсон, па преговорите, наводно, веќе се започнати.

Сепак, сè уште не е дадена официјална понуда за 25-годишниот дефанзивец.

Да потсетиме, Конте беше оној кој го донесе Палмиери во Челзи во јануари 2018. година. Тогаш Рома му плати на Челси 20 милиони евра за неговиот трансфер.

Сепак, за две и пол сезони на „Стемфорд Бриџ“, Палмиери успеа да собере само 53 настапи во дресот на Челси, бидејќи не успеа да го „исфрли“ Маркос Алонсо од стартниот состав.