Халанд имал клаузула за трансфер во Реал Мадрид, но таа не важи повеќе поради Гвардиола!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд игра одлично по преселбата во Манчестер сити, а англиските медиуми пишуваат дека тој немал намера долго да остане во Премиерлигата.

Медиумите пишуваат дека Халанд при потписот на договор со Манчестер сити добил клаузула според која би можел во 2024 година да се пресели во Реал Мадрид за 175 милиони евра.

Сепак, таа клаузула не важи доколку тренерот Пеп Гвардиола е тренер на „граѓаните“, а бидејќи тој стави потпис на нова соработка, тоа значи дека Халанд не може да се пресели во Мадрид за 175 милиони евра.

Халанд досега настапи на 37 меча за „граѓаните“ во сите конкуренции, а притоа постигна дури 42 гола и пет асистенции.