Халанд против Јунајтед постави рекорд кој тешко ќе се урне!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити вчера го декласира Манчестер јунајтед со 6-3, а по три гола во победата постигнаа Ерлинг Халанд и Фил Фоден.

Неверојатниот Норвежанец учествуваше во пет од шест постигнати голови против градскиот ривал и така постави рекорд кој тешко ќе се урне во иднина.

Ова на Халанд му беше и трет хет-трик по доаѓањето во англиската Премиерлига, а за овој подвиг му требаа само осум меча.

Досегашниот рекорд го држи легендарниот Овен, а за ваков рекорд му требаа дури 48 натпревари, додека Халанд блесна и против Нотингем Форест и Кристал Палас и им даде по три гола.

Најмногу хет-трикови во Премиерлигата има Агуеро, и тоа 12, но ако продолжи Халанд во ова темпо, тогаш сигурно ќе го престигне.