Халанд со двата гола против Наполи влезе во историјата на Лигата на шампионите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Салцбург во моментов играат против Наполи и имаат негатива од 3:2.

Двата гола за овој клуб ги постигна Норвежанецот, Ерлинг Халанд кој влезе во историјата на Лигата на шампионите.

Имено, Халанд веќе има постигнато шест погодоци по првите три кола во најелитното европско натпреварување и со тоа стана најдобар стрелец дебитант во ЛШ.

Досега овој рекорд припаѓаше на Дидие Дрогба кој  во 2003 година во дресот на Марсеј постигна пет погодоци во првите три кола.