Халеп доби вајлд-карта и ќе игра во Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Романската тенисерка со македонско потекло Симона Халеп доби помилување по суспензијата за допинг и конечно може да се врати на тениските терени.

Судот за спортска арбитража објави дека периодот на суспензија на 32-годишната тенисерка е намалена од четири години на „само“ девет месеци.

Халеп доби вајлд-карта за учество на турнирот во Мајами, откако тоа го потврди директорот Џејмс Блејк.

Турнирот во Мајами е закажан за период од 19 до 31 март.