Халеп: Ѓоковиќ ми даде поддршка, а за Серена немам коментар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Романската тенисерка со македонско потекло Симона Халеп кажа дека Новак Ѓоковиќ бил еден од тенисерите кои ѝ дале поддршка.

Халеп конечно го доби спорот по суспензијата за допинг и Судот за спортска арбитража во Лозана ѝ ја намали казната од четири години на девет месеци.

Поранешната најдобра тенисерка веднаш доби вајлд-карта за настап на турнирот во Мајами, а притоа даде коментар за тешкиот период кој е зад неа.

„Ѓоковиќ ми испрати порака и пред и по судењето. Добив поддршка од Кербер, Барти, Квитова и други.немам што да кажам за Серена. Секој може да го напише тоа што сака, имаше многу критики и навреди кон мене. Ме мотивираа да се борам за да ја докажам вистината и успеав во тоа“, кажа Халеп.