Халеп испрати порака до Ѓоковиќ: Правилата мора да се почитуваат, ова не му требаше на тенисот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната најдобра тенисерка во светот и вице-шампионка на Австралијан опен од 2019 година, Симона Халеп го заврши учеството на првиот-гренслем-турнир со пораз од Ализ Корне во осминафиналето, по што даде интервју за медиумите во Романија.

Халеп зборуваше и за драмата низ која мораше да помине српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше депортиран од Австралија.

На Ѓоковиќ му беше укината визата и мораше да го напушти Мелбурн, а со тоа остана и без моност да ја бранит титулата.

„Мислам дека на тенисот тоа не му беше потребно. Јас не се мешав во таа приказна. Играв на турнирот, но не ми се допаѓа тоа што се случи. Сакам да се почитуваат правилата, а исто така сум и за вакцинација“, вели Халеп.