Хало-системот му го спаси животот на Хамилтон, а Ферстапен доби казна! 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е казнет со три стартни позиции за следната трка во Формула 1, откако денеска беше прогласен за виновник за инцидентот со Луис Хамилтон од Мерцедес.

Инцидентот се случи во 26 круг од трката за Големата награда на Италија, кога се судрија Хамилтон и Ферстапен, а притоа едвај жива глава спаси возачот на Мерцедес.

По трката во Монца, Ферстапен остана на првото место со 226,5 бодови, по што следи Хамилтон со 221,5 бодови.