Хамилтон го исфрли Ферстапен од трката, па го провоцираше Ред Бул 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Љубителите на Формула 1 денеска можеа да уживаат во одлична трка за Големата награда на Велика Британија, која му припада на Луис Хамилтон.

Хамилтон на почетокот на трката имаше инцидент со Макс Ферстапен, кој испадна од патеката и ја заврши трката, но тоа предизвика голем револт кај навивачите.

Многумина очекуваа жестока казна за Хамилтон, но тој доби само 10 секунди и на крајот со одлично возење стигна до првото место.

За Хамилтон ова беше осма победа на патеката Силверстоун и покажа колку му значеше овој триумф со кој му се приближи на Ферстапен на врвот на табелата.

Британецот излезе од болидот на Мерцедес и тргна кон навивачите да слави, а на пат кон трибините мина покрај екипата на Ред Бул и тоа многумина го разбраа како провокација.