Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британскиот возач Луис Хамилтон денеска стигна до првата победа сезонава на трката за Големата награда на Бахреин.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер тргна прв на трката, но веднаш ја загуби позицијата од тимскиот колега Себастија Фетел. Подоцна го престигна и Валтери Ботас, но младиот Леклер набрзо се разбуди и се врати на првото место.
Хамилтон постојано беше четврти, додека не го премина Ботас, а во продолжение успеа да стигне до првата позиција, на која остана до крајот и запиша победа. Исто така, многу на Британецот му помогна и Леклер, кој имаше проблеми со болидот на средината на трката.
Триумфот на Мерцедес го потполни Ботас, кој пред самиот крај го премине Леклер и заврши на второто место. Младиот возач на Ферари на крајот заврши трет, а зад него беше Макс Ферстапен, па Фетел.
Наредната трка во шампионатот во Формула 1 се вози во Кина од 12 до 14 април.