Хамилтон најави кога би можел да се пенизонира: Ќе возам барем уште…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шесткратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон откри кога би можел да се пенизонира од натпреварувањето.

Британецот има 35 години, а договорот со Мерцедес му истекува на крајот на оваа сезона.

„Иако одложувањето на почетокот на сезоната беше негативно, ни даде време да размислиме за животот, да се фокусираме на други работи. Мене ми помогна да соберам енергија благодарение на која ќе можам да се натпреварувам.

Секако дека сакам постојано да бидам на ова ниво, но во еден момент тоа ќе биде невозможно и физички и психички. Во одреден момент ќе дојде време за крај. Не знам кога ќе биде тоа, но не верувам дека ќе биде брзо.

Исто така свесен сум дека ќе се појават и нови други возачи. Сепак, мојата цел е да продолжам да возам на ова ниво, најмалку уште три години“ –изјави Хамилтон.