Хамилтон потпиша нов договор со Мерцедес!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Британскиот возач Луис Хамилтон потпиша нов договор со Мерцедес до крајот на годината, со цел да го урне рекордот на Михаел Шумахер по број на освоени титули во Формула 1.

Светскиот шампион потпиша договор со германскиот тим до крајот на 2021 година и ќе заработи 40 милиони евра.

„Среќен сум што останувам во Мерцедес. Постигнавме неверојатни работи заедно и одиме понатаму“, кажа Хамилтон.