Хамилтон повторно „плаче“: Не ни треба ваква доминација во Формула 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон очигледно заборави дека доминираше со години и беше недопирлив на патеките во Формула 1.

Хамилтон пред трката во Австрија се пожали дека на Формула 1 не му била потребна доминација каква што има Ред Бул во моментов бидејќи Макс Ферстапен е на добар пат да ја освои третата титула по ред.

„Макс го доживува тоа што го поминав јас. Кога имате ваква доминација во првенството, тогаш наместо да развивате болид за оваа сезона, вие се фокусирате за следната сезона. Веќе имате предност затоа што буџетот за оваа година го трошите за следната, а тоа ви дава предност пред конкуренцијата. Мислам дека не ни треба ваква доминација во Ф1“, вели Хамилтон.