Хамшик проговори за можното враќање во Наполи и порача: Можат да ја освојат Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марек Хамшик во интервју за „Спортмедијасет“ даде мислење дали би се вратил во Наполи по периодот поминат во Кина.

Според Словакот,сам одлучил да си замине од Наполи, а сега не негираше дека би сакал да се врати во клубот за кој смета дека може да ја освои титулата во Италија.

„Во Кина ми е добро, првенството е пред крај и веќе помина една година. Заминувањето од Наполи беше моја одлука, секако дека мие жал и Неапол останува во моето срце. Ќе одам и ќе ги гледам момците против Аталанта. Овој Наполи може да го освои Скудетото и да стигне далеку во Лигата на шампионите. Што се однесува до враќањето, би се вратил но не знам дали би можел да им помогнам, тие се одлични“ –истакна Хамшик.