Хаос на Ју-Ес Опен: Кирјос го симна Медведев од тронот, паѓаа и закани од Русинот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос направи големо изненадување во осминафиналето и го елиминира Данил Медведев со 3-1 во сетови, односно 7-6, 3-6, 6-3 и 6-3.

Кирјос игра во одлична форма, па му требаа само два часа и 53 минути за да го совлада Русинот, кој беше ептен нервозен во текот на натпреварот.

Медведев почна да се заканува пред почетокот на вториот сет дека ќе го напушти натпреварот, ако не прекинат провокациите од страна на навивачите на Кирјос.

„Тие не смеат да го повторат тоа по вторпат. Ако се случи тоа, тогаш ќе си заминам, нема повеќе да играм“, кажа Медведев.