Хаос во Џенова, 14 лица позитивни на Ковид-19, Пандев и Елмас висат за настап против Косово?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Џенова објавија дека дури 14 лица од клубот се позитивни на коронавирусот по тестовите направени по натпреварот со Наполи.

Засега е познато дека Матија Перин и Ласе Шоне се позитивни на коронавирусот, а од Џенова не ги објавија дополнителните имиња на фудбалерите кои се заразени со вирусот.

Според медиумите во Италија десет од  14те заразени лица се од фудбалскиот тим, а останатите четворица се вработени во клубот.

Натпреварот кој Џенова сега треба да го игра против Торино е доведен во сериозно прашање, а се уште не е познато што ќе биде со Горан Пандев и Елиф Елмас кои беа дел од овој натпревар и дали истите ќе бидат подготвени за натпреварот со Косово кој е закажан за 8ми следниот месец.