Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Турција е зафатена со скандал пред продолжувањето на Светското првенство, откако тројца играчи беа снимени на балкон, пушејќи.
Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции од навивачите. Дополнителен немир предизвикаа шпекулациите на некои корисници дека не се работи за обични цигари, туку за џоинт, иако за ваквите тврдења засега нема официјална потврда.
„Веќе не заслужуваш да бидеш во репрезентацијата, а сега уште и пушиш“, беше еден од многуте коментари од незадоволните навивачи на социјалните мрежи.
Засега, Фудбалската федерација на Турција не се огласила по повод снимката, ниту е познато дали против играчите ќе биде покрената дисциплинска постапка.
Турција е на Мундијалот во група Д заедно со САД, Парагвај и Австралија, а останува да видиме дали овој инцидент ќе влијае на атмосферата во тимот пред следните натпревари.
.Според ова видео и извештаите, Чалар Соујунџу и уште 2 други национални тимски играчи, кои не се јасно препознатливи, беа уловени како пушат.
Некои велат дека беше џоинт, други велат цигари.
Неверојатно.
Веќе не заслужуваш да бидеш во Националниот тим сега и пушиш.🤨 pic.twitter.com/LxF8dcjUEz— Turk Scout (@ScouTurk) 13 јуни, 2026
















