Хаос во Загреб: Повредени двајца навивачи на Хајдук од огнено оружје! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големи нереди се случија вчера во Загреб по дербито меѓу Динамо и Хајдук, а најмногу ќотек добија гостите од Сплит.

Хрватските медиуми објавија дека се случил инцидент на автопат, кој се случил по мечот на „Максимир“.

Најпрво делуваше дека станува збор за тепачка на навивачи меѓу двата тима, но подоцна беше откриено дека станува збор за пресметка на полицијата  фанови на Хајдук.

Потврдени се две лица од огнено оружје од страна на полицијата, а наводно еден од сведоците изјави дека навивачите на Хајдук го запреле сообраќајот на аеродромот.

Полицијата користела оружје за да ја смири ситуацијата и на крајот привеле голем број навивачи.