Харден и Дурант заедно не можеа против одличниот Кари 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари одигра уште еден одличен натпревар за неговата екипа која ја предводеше до триумф од 117-99 против Бруклин нетс.

Кари беше одличен на теренот и постигна 37 поени, како и девет тројки од 14 обиди, па така им одржа лекција на неговите ривали кои се едни од фаворитите за титулата.

Џејмс Харден и Кевин Дурант од спротивната страна заедно постигнаа 43 поени, девет скокови и три асистенции, но тоа не беше доволно за Бруклин да избегне убедлив пораз.