Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Манчестер Сити и репрезентативец на Англија Џо Харт ќе го напушти Манчестер Сити во ова лето.
Харт е изоставен од тимот во првиот меч од сезоната против Сандерленд на домашен терен, а истотака и синоќа седеше на клупата против Стеауа и Гвардиола веќе не смета на неговите услуги.
Вчера се појави информација дека тој моментално е меѓу Севиља и Евертон, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Ливерпул.
Ниту еден навивач на Редсите не е задоволен со Мињоле како прва опција, а Кариус, кој дојде во ова лето од Мајнц е повреден и нема да биде спремен околу 2 месеци.
Ќе видиме за која опција на крајот ќе се одлучи овој многу добар чувар на мрежата.