Хасани се сели во тимот кој за Пандев беше скриена камера?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ферхан Хасани беше на праг да потпише за Тирана, но албанските медиуми објавија дека ситуацијата се променила и екипата не може да регистрира нови фудбалери.

Тоа значи дека Хасани ќе мора да си ја бара среќата на друго место, а како втора опција се појави Ченјаин од Индија.

Клубот од скриената на камера на Горан Пандев од пред неколку недели сега се поврзува со името на Хасани. Скриената камера со Пандев можете да ја погледнете тука.

Хасани е повреден македонски репрезентативец, а во кариерата го носеше дресот и на Волфсбург, додека последен тим во кариерата му беше Хелсинки, од кој замина по завршување на договорот.