Хименез се врати на терен по девет месеци – страшната повреда е минато!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Вулверхемптон, Раул Хименез го одигра првиот меч откако на почетокот на сезоната доживеа скршеница на черепот на меч од Премиерлигата против Арсенал.

Хименез одигра 34 минути за Вулверхемптон, па се враќа на теренот по осум месеци што е навистина неверојатно.

„Осум месеци напорна работа и рехабилитација ме донесоа до овој момент“, напиша Хименез.

Хименез беше опериран на крајот на ноември минатата година откако се повреди при силниот удар со Давид Луиз.

Овој 30-годишен фудбалер за три сезони во Вулверхемптон одигра 66 меча и постигна 31 гол.