Хименез заврши на итна операција на черепот по судирот со Луиз! ?

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез беше итно опериран во неделата во Лондон по скршеница на черепот, која ја заработи на мечот со Арсенал.

Еден од најдобрите голгетери во Премиерлигата имаше жесток судир со Давид Луиз во скокот по што го извлече подебелиот крај, а неговиот клуб ја извести јавноста за здравствената состојба.

„Раул е во стабилна состојба по операцијата која беше направена во Лондон. Неговата девојка Даниела е покрај него, и тој ќе остане неколку дена во болница, по што ќе следи рехабилитација“, соопштија од Вулвс.

Хименез сигурно го очекува подолга пауза по оваа повреда, зашто за време на мечот дури 10 минути им се даваше помош на него и Луиз по судирот.