Хит од Токио: Ѓоковиќ се „бореше“ со сумо-борач! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за првпат учествува на турнирот во Токио, кадешто ќе игра во сингл-конкуренција, откако во двојки беше поразен заедно со Филип Крајиновиќ.

Меѓутоа, Србинот и покрај поразот се забавуваше добро, па реши да се „пресмета“ со неколку сумо-борачи.

Ѓоковиќ се обиде да ги турне, но и покрај тоа што туркаше со сета сила, сепак на крајот не успеа да го помрдне сумо-борачот.

Инаку, Србинот не смее да си дозволи пораз на турнирот во Токио доколку сака да го зачува првото место пред Рафаел Надал.