Хит: Роналдо не играше против Хрватска, но добро ќе го запамети мечот! (ВИДЕО)

Голгетерот на Јувентус, Кристијано Роналдо не се појави на терен против Хрватска во меч во кој славеше Португалија со 4-1.

Роналдо секогаш е во центар на внимание, и кога е на теренот, но и кога е на трибините, како што беше тоа на споменатиот дуел.

Во еден момент на трибините на стадионот Кристијано Роналдо беше единствен кој не носеше маска, а тоа го забележа девојка која беше редар на мечот и му се приближи, по што го предупреди дека не смее да ги крши здравствените протоколи.