Хит во соблекувалната на Голден Стејт: Бјелица му даде балканско име на Кари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голден Стејт е новиот шампион во НБА-лигата, откако во финалето го совлада Бостон со 4-2, а во шестиот меч Стеф Кари постигна 34 поени.

Немања Бјелица не играше на последниот натпревар, но имаше важна улога во екипата на Голден Стејт оваа сезона.

Бјелица е омилен во соблекувалната на Голден Стејт, а често ги учи неговите американски соиграчи на некои српски зборови, па сега реши да го „прекрсти“ Кари и да му даде балканско име.

„Ти благодаран, Стефане“, напиша Бјелица на фотографијата со Кари и Вигинс.