Хојлунд: Намерно сакаа да ме повредат, ова е неприфатливо! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сан Марино загуби од Данска со 1-2, но ѕвездата на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд се пожали дека противниците намерно сакале да го повредат.

Хојлунд кажа дека во завршницата на натпреварот добил непријатен удар во грбот со колено, а потоа кажа дека ги слушнал ривалите како зборуваат дека сакаат да го неутрализираат.

„Почувствував дека сум нивна цел. Добро разбирам италијански и ги слушнав како прават планови за да ме повредат. Сликите доволно зборуваат дека тие имаа таква намера. Се трудиме да бидеме најдобра верзија од себе и некој сака да ни наштети. Ова однесување е неприфатливо“, кажа Хојлунд.