Хојлунд нема да издржи во Манчестер – ќе се сели во друг гигант?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данскиот репрезентативец и напаѓач на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд ќе си ја бара среќата на друго место, иако конечно влезе во голгетерска форма.

Хојлунд имаше криза во Манчестер јунајтед и долго време не можеше да постигне гол во Премиерлигата, но сега редовно почна да се запишува во листата со стрелци.

Младиот напаѓач веќе привлече интерес од неколку гиганти, меѓу кои е Реал Мадрид кој будно ја следи ситуацијата на „Олд Трафорд“.

„Дефенса Сентрал“ пишува дека шпанскиот гигант сака да го купи Хојлунд доколку им пропадне идејата со ангажирање на францускиот голгетер Килијан Мбапе.

Конечен епилог на драмата со Мбапе се очекува во текот на летниот преоден рок, по што ќе биде јасно каде ќе игра и Хојлунд.