Холанѓанец на пат кон Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот голман, Јаспер Силесен во следните денови ќе биде нов голман на Барселона.

После тоа што останаа без Клаудио Браво кој се пресели во Манчестер Сити, каталонците бараат итно негова замена.

Раководството на клубот покрај неколкуте имиња на списокот се одлучи за 27-годишниот холандски голман, Јаспер Силесен.

Овој голман не успеа со Ајакс да се пласира во групната фаза од ЛШ, па после тоа јасно беше дека ќе си замине.

Новата дестинација е Барселона каде ќе се бори за место со Марк Андре Тер Штеген.