Холифилд го испровоцира Тајсон: „Борба? Ако го прашам, ќе бидам насилник…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евандер Холифилд (57) и Мајк Тајсон (53) ја воодушевија јавноста со својата физичка трансформација во последните неколку недели, па многумина очекуваат нов дуел помеѓу двајцата легендарни боксери.

Холифилд и Тајсон планираат да се вратат во рингот за да соберат пари за добротворни цели. Предвиден е меч до три рунди.

Челичниот Мајк пред неколку дена изјави дека неколку боксери биле се понудиле за борба, но не вклучувајќи го и човекот кој го порази два пати.

Холифилд рече дека е подготвен да се бори ако Тајсон го сака тоа, но со предизвикувањето не сака да се претвори во насилник.

“Борба е можна ако сака. Ако го прашам, ќе испадне дека сум насилник ако сакам да се борам со некого што веќе два пати сум го победил”, рече Хилфилд.

„Не сакам да го создадам тој притисок да се борам против Мајк, бидејќи знам дека можам да го победам. Ако ме удри, ќе му вратам. Тоа е суштината на боксот“.

„Ако бев во ринг со мојот брат, кога ќе ме удри, јас ќе му го вратам. Ако не сакате да фрлам бомби, тогаш подобро да не фрлате вие бомби“, рече Американецот.

Холифилд се повлече во 2014. година, додека Тајсон последен пат се бореше професионално во 2005. година, кога изненадувачки беше поразен од Кевин МекБрајд.