Хорват: Ми се допадна проектот на Металург, ми требаше промена!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот ракометар на ППД Загреб, Златко Хорват ги изненади сите кога реши да потпише за Металург, кого ќе го засили за следната сезона.

Екипата од Автокоманда има големи амбиции за следната сезона, па со најновото засилување најави дека ќе биде голем ривал на Вардар и на Еурофарм Пелистер.

„Ми беше тешко да донесам одлука. Преговарав со Загреб, но вирусот ги уништи условите. Финансиите се намалија и ми беше потребна промена. Дојде понуда од Македонија и ми се допадна проектот на Металург, со кого потпишав договор на една година“, кажа Хорват.