Храбрата Македонија го почна ЕП со пораз од Словенија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација одигра храбар натпревар против фаворитот Словенија и на крајот беше совладана со 25-27, иако имаше доволно шанси за да извлече позитивен резултат.

Македонија речиси постојано беше блиску резултатски до противникот, па дури и од пет негатива се вратија на само три за само минута, а на моменти негативата изнесуваше и само еден гол, но немавме доволно среќа за да израмниме.

Почетокот на натпреварот беше за пофалба затоа што Македонија имаше водство од 4-1 против Словенија, а голманот Мартин Томовски беше неверојатен на голот на „црвено-жолтите“, сепак за жал натпреварувањето почна со пораз.

Македонија следниот натпревар во групата го игра против Црна Гора, додека последната средба е закажана против Данска.