Хрватот Зубац играше како Карим Абдул-Џабар (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац е еден од кошаркарите кои ја одбележаа минатата ноќ во НБА-лигата.

Зубац постигна 31 поен и 29 скокови во победата на Лос Анџелес клиперс над Индијана пејсерс (114-100), а тоа е третпат од сезоната 1973/74 еден играч да има 31 поен, 29 скокови и три блокади, а првпат од Карим Абдул-Џабар во 1978 година.

„Се налутив затоа што очајнички сакав да имам 30 поени и 30 скокови. Дефинитивно не сум среќен затоа што можев да го постигнам тоа. Бев лут на себе“, кажа Зубац.

Во 12. победа на Клиперс го следеа Ник Пауел со 19 поени и Теренс Ман со 14, додека на спротивната страна блесна Џелејн Смит со 23 поени и девет скокови.