Хрватска и Мароко ќе играат во осминафинале, Лукаку е трагичар за Белгија (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватска остана непоразена против Белгија (0-0) и така го обезбеди второто место во групата Ф, додека Мароко славеше со 2-1 против Канада и скокна до првата позиција.

„Коцкестите“ од првиот момент извршија притисок врз противниците, а Белгија немаше посериозни шанси и притоа се спаси во 15. минута кога ВАР-технологијата поништи пенал за ХРватска.

Во второто полувреме во игра влезе Ромелу Лукаку, кој се покажа како вистински малер затоа што промаши неколку добри шанси, а најдобрата можност ја имаше во 90. минута кога по центар-шутот на Торган Азар ја прими топката на гради, но не успеа да ја испрати во мрежата на Хрватска.