Хрватска легенда го презема ППД Загреб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот шампион ППД Загреб ја заврши потрагата по нов тренер. минатата недела клубот го напушти Веселин Вујовиќ, а на негово место пристигна Игор Вори.

Иако имаше неколку познати имиња во комбинација, водството на клубот се реши за Вори, чие официјално претставување ќе биде во вторник.

Легендарниот хрватски ракометар играше за репрезентацијата 15 години, а во тој период освои олимписки медал во Атина, трофеј на светски шампион…

По завршување на богатата кариера работеше како спортски директор во хрватската репрезентација, а беше и помошник на Лино Червар.