„Хрватска може да го освои Мундијалот во Катар“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер Луис Фиго во претходните денови беше во Хвар на заседанието на Извршниот одбор на УЕФА.

Португалецот смета дека Хрватите имаат добра шанса да го освојат Мундијалот во Катар.

„Мислам дека Хрватска има шанси да го освои Мундијалот. Имаат одлични фудбалери и им посакувам среќа“, кажа Фиго во разговор со медиумите.

Фиго е посебно фасциниран од Лука Модриќ, кој игра за Реал Мадрид.

„Модриќ е еден од најдобрите фудбалери во светот. Исто така, тој е мој добар пријател. Треба да бидете горди на него. Не знам како му успева да биде на високо ниво. Му посакувам да ужива во фудбалот“, кажа Фиго.