Хрватските ракометари побараа да не ги нарекуваат – „каубои“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот ракометен сојуз испрати молба до медиумите и навивачите повеќе да не го користат прекарот „каубои“ за репрезентацијата.

Овој прекар е уште од пред две децении кога Хрватите доминираа со европскиот и светскиот ракомет, а го измисли Ивано Балиќ на Мундијалот во Португалија.

„Во однос на големиот број наслови и текстови во медиумите во кои се споменуваат ‘каубои’ за хрватската машка репрезентација, во име на ракометарите, стручниот штаб и Сојузот ве молиме повеќе тој прекар да не го користите“, порачаа од Сојузот.