Хуман потег: Поранешната најдобра тенисерка во светот ѝ помогна на Србија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешната најдобра тенисерка во светот, Ана Ивановиќ реши да ѝ помогне на својата држава во вакви тешки денови.

Србија е една од големиот број држави, кои се погодени од коронавирусот, а Ана реши да испрати важна помош.

Пензионираната тенисерка донираше 35 респиратрои и останата медицинска опрема, која е неопходна во борбата со вирусот.

Ивановиќ е амбасадорка и на УНИЦЕФ, кој во една од минатите акции донираше 15 респиратори, па тоа се вкупно 50 кои ќе бидат доставени во Србија.

„50 респиратори, заштитна опрема и хигиенски сетови, во вкупна вредност од 500.000 евра ќе биде доставена во Србија“, се наведува на УНИЦЕФ.