И покрај убедливиот пораз, Клоп беше – задоволен!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше, верувале или не, беше задоволен по синоќешниот пораз од 4:0 од Манчестер Сити.

Граѓаните го совладаа новиот шампион на Етихад во натпреварот од 32-то коло од Премиер лигата, но Клоп не беше незадоволен и рече дека играчите го покажале вистинскиот пристап.

„Видов брилијантен пристап. Не се однесувавме како некој што стана шампион пред седум дена. Сè беше во ред. Ни недостасуваше флуидност, тоа е сигурно. И некои 50-50 ситуации поминаа во нивна корист”, рече Клоп.

Да потсетиме, Црвените станаа шампиони минатиот четврток за прв пат по 30 години, откако Манчестер Сити загуби од Челзи.

Фудбалерите на Ливерпул славеа седум дена и се очекуваше дека нема да бидат целосно подготвени за овој многу тежок натпревар во гости. Затоа поразот беше очекуван.